Македонија
15. јуни 2020 - 12:50

Сите што тргнаа кон Грција преку Македонија беа вратени од грчка страна

Македонија од денеска ги отвара границите за странските државјани кои што имаат дозвола да транзитираат низ државата, во рок од 5 часа тие треба да остварат влез и излез.

Ова се почитува и на Граничниот премин Богородица најголемиот граничен премин со јужниот сосед, од денеска границата е отворена, рампите се кренати и странските државјани слободно можат да ја поминат границата.

Но сепак сите тие денеска што тргнаа да одат во Грција беа вратени од грчка страна бидејќи Граничниот премин Евзони сеуште не е отворен.

Информациите кои ги доби Сител од страна на странските државјани односно српските државјани дека на Граничниот премин Евзони им рекле дека границата ќе биде затворена до 1 јули и дека немаат уште информација за нејзино отварање.