„Сите сити“ за два месеца обезбеди 10.000 оброка за социјално загрозените семејства

Преку системот за донирање на вишок храна „Сите сити“ за два месеца обезбедени се 10 илјади оброка за социјално загрозените семејства.
Целта на овој систем е вишокот храна, кој сè уште е во добра состојба и безбеден за употреба, да не заврши во депониите, туку да се пренамени онаму каде е реално неопходн.
Станува збор за големи количества на овошје, зеленчук, житарки, сокови, кондиторски производи, млеко и други видови на храна кои се со пократок рок или за нив нема побарувачка.
- Интересот кај бизнисите и хуманитарните организации да се вклучат расте, а дополнително десеттици волонтери се пријавуваат после своето работно време да помогнат во дистрибуцијата на храната до социјално загрозените граѓани, велат од „Сите сити“, надевајќи се дека ќе ја постигнат зацртаната цел до 2019 година да обезбедат 200.000 оброка.
Воспоставувањето на првиот систем за донирање на вишок храна во Македонија, е создаден од страна на „Ајде Македонија“ со поддршка на Швајцарската амбасада, УСАИД, Мировниот Корпус, Националниот Демократски Институт и Публицис.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Ниту еден од деветмината обвинети полицајци за Пулс не се чувствува виновен
-

Една одлука спасува 8 човечки животи – органодонорството како најголема светилка во животот
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада
-

САД и Иран постигнаа договор за прекин на војната и отворање на Ормутскиот теснец
-

Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран
-

Поскапуваат горивата
