Сите здравствени работници во Србија ќе добијат по 84 евра, од сабота пријава на младите за по 100 евра
Српскиот министерот за финансии Синиша Мали денеска соопшти дека здравствените работници утре ќе добијат еднократна парична помош од 10.000 динари (околу 84 евра), а сите млади на возраст од 16 до 29 години ќе добијат по 100 евра во динарска противредност, што е 11.758,56 динари. Пријавувањето на младите за ваков вид помош ќе започне во сабота на 15 јануари и ќе трае до 30 јануари, јави дописникот на МИА од Белград.
-Како што ветивме, во петок здравствените работници во Србија, или поточно 122.462 лица, ќе добијат парична помош од по 10.000 динари. Станува збор за здравствени работници кои се вработени во самиот здравствен систем, во воени здравствени установи, заводи за извршување на кривични санкции, установи за социјална заштита, чија работа се финансира од буџетот, Заводот за спорт, Заводот за здравствена заштита на Железниците на Србија, изјави министерот Мали во соопштението од ресорното министерство, во кое се додава дека од 1 јануари годинава платите на здравствените работници се зголемени за 8 отсто.
Мали потсети дека освен здравствените работници кои утре ќе добијат 10.000 динари, и пензионерите на 10 февруари ќе добијат парична помош од 20.000 динари
Ново на Сител
-
Рение: ЕК нема намера да забрани ниту една онлајн платформа
-
Протест и во Нови Сад поради газењето студентка за време на блокада во Белград
-
УНМИК загрижен поради затворањето на српските институции во Косово
-
Што ако најубавите нешта во животот веќе ги имате, но не ги гледате?
-
На големот христијански празник Богојавление, Светиот крст ќе биде положен во водите на Радика, досега пријавени над 100 верници
-
Исчезната 71 годишна велешанка
-
Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија, одбиена жалбата на СДСМ
-
Во Грција едно од двете седишта на европската програма за безбедни сателитска телекомуникации GOVSATCOM