-->
-->
Сити не го сака Нејмар
-->

Францускиот првак Пари Сен Жермен и понатаму се обидува да му најде нов клуб на Нејмар, а „Le Parisien“ тврди дека ПСЖ му го понудил и на Манчестер Сити. Сепак, Пеп Гвардиола го одби тоа поради стравувањата дека Нејмар ќе ја расипе атмосферата во тимот.
ПСЖ сака да се раздели со бразилската ѕвезда, но тој има сигурен договор и нема намера да замине од „Паркот на принцовите“. Постоеја гласини дека можеби би можел да се пресели во Јувентус на позајмица, но тоа Нејмар категорично го негираше.
Новиот тренер Кристоф Галтие не сака да има толку многу ѕвезди во тимот, туку избалансиран и тркачки тим со кој ќе јуриша на трофеите. Тој имал намера да го доведе Бернардо Силва од Манчестер Сити, доколку Гвардиола се согласи да го добие Нејмар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
