СЈО бара најстрога казна за Грујевски, а одбраната ослободителна пресуда
- Најстрога казна за првообвинетиот Горан Грујовски побара СЈО на денешниот завршен збор за предметот „Тврдина 2“ во Кривичниот суд. Одбраната на Грујевски, пак, бара ослободителна пресуда, бидејќи, според, нив, во овој случај не е извршено кривично дело.
Обвинителка Ленче Ристоска пред судот образложи дека бараат настрога казна за поранешниот началник на УБК Грујевски бидејќи го извршил кривичното дело на најдрзок начин, злоупотребувајќи ја својата моќ и позиција. Според СЈО, тој го наредил и организирал уништувањето на служебната документација поврзана со незаконското прислушување, се обидел да ги сокрие трагите кој и како прислушувал и да ја отежни истрагата, а потоа побегна од државата за да избегне соочување со кривичното дело.
За останатите шест обвинети, вработени во УБК, СЈО побара да им бидат изречени алтернативни мерки, односно условни казни. Како отежнителна околност е тоа што не се покајале за стореното кривично дело, а како олеснително тоа што досега не се кривично гонети и осудувани и дел се самохрани родители.
Одбраната, пак, во звршниот збор од судот побара да ги ослободи обвинетите бидејќи во овој предмет нема кривично, туку евентуално прекршочно дело.
Љупчо Шврговски, адвокатот на Грујевски, побара од судот при носењето на пресудата да се апстахира од влијанието на медиумите и нивното известување за овој случај.
По денешните завршни зборови, се очекува Судот да донесе конечна одлука за „Тврдина 2“.
Првообвинетиот Грујевски е во екстрадициски притвор во Грција заедно со неговиот поранешен колега од УБК Никола Бошкоски, кој во „Тврдина 2“ требаше да се појави како сведок. Двајцата минатиот месец беа уапсени со лажни пасоши на аеродромот во Солун при обид да заминат за Будимпешта. Во тек е постапка за нивно екстрадирање.
Предметот „Тврдина 2“ се однесува на уништување на служебна документација поврзана со незаконското прислушување.
Ново на Сител
-
Кузмановски: Покажавме како се игра за Македонија, има многу простор за напредување
-
АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри
-
Одложени неколку летови на Скопскиот аеродром
-
Во Турција уапсени 15 лица поради пожарот во ски-центарот Карталкаја
-
Десетици илјади Германци протестираа во Берлин против зголеменото влијание на екстремната десница
-
Скопјанец следел 19-годишна девојка од трговски центар до зграда по што сексуално ја нападнал
-
Трамп до ЕУ: Многу сте неправедни кон САД, дојде време за наплата
-
Северна Кореја тестира стратешки крстосувачки ракети море-земја