СЈО се откажа од обвинителниот акт за „Сопот“
Специјалното јавно обвинителство се откажа од обвинителниот акт за случајот „Сопот“, бидејќи според деталните анализи што ги направило ова Обвинителство не постојат докази дека обвинетите го сториле делото за кое се товарат.
Според специјалната јавна обвинителка Катица Јанева нема докази со кои може да се утврди обвинението за обвинетите.
Судот одлучи да ги ослободи и да го одбие обвинението и обвинетите ги упати да бараат отштета
Обвинителот од СЈО Бурим Рустеми на денешното рочиште рече дека единствениот доказ на кој им се заснова пресудата е исказот на сведокот Рамадан Бајрами, кој го дал под изнуда од УБК.
Припадници на УБК, како што рече Рустеми, вршеле психичка и физичка тортура врз сведокот, при што бил незаконски приведен и тепан во објект во Банско, струмичко.
- Сведокот добил закани дека ќе биде лишен од живот и бил присилен од припадници на УБК да напише изнудена изјава врз која се базира пресудата, рече обвинителот на СЈО.
СЈО утврдило дека лицата кои го испитувале Бајрами направиле тортура, но оти против нив не можело да се постапува бидејќи делото застарело во 2013 година.
Адвокатите побараа да се донесе пресуда со која се одбива обвинението.
Случајот „Сопот“ е од 2003 години, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина на локалниот пат Сушево – Сопот. Во овој случај десет лица беа осудени за тероризам. Тие се товарат дека подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево – Сопот.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, лани во јули го предаде предметот на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со случајот.
Ново на Сител
-
Палестински извори: Најмалку 36 загинати во израелските напади во Појасот Газа
-
Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри нафта, можно загадување на Дунав
-
Обвинителство бара мерки за претпазливост за претседателката на ДКСК за предметот „Адитив“
-
Љутков за исплата на платите на културните работници: Конечно направивме пресметка која што е достојна и законска
-
Околу 25.000 луѓе во Турција се „напушиле“ откако полицијата запали над 20 тони запленет канабис
-
Додик за одлуката на Шмит да ги блокира средствата на СНСД и Обединета Српска: Дали тоа е демократија?
-
Мицкоски: Истрагата за трагедијата во Кочани ја води јавниот обвинител а не Владата, тој кажува кои лица ќе бидат опфатени
-
Околу 100 илјади евра собрани од хуманитарниот натпревар Вардар – Црвена ѕвезда