Спорт плус
5. March 2017 - 15:14

СК: Деби победа на Михаел Мат во Крањска гора

Михаел Мат помладиот брат на Марио Мат изненади денеска во Крањска гора каде триумфираше во слаломот што се возеше за Светскииот куп.

Помладиот Мат до својата победа во кариерата дојде со одлично возење и беше за 0.3 секунди вкупно подобар од Италијанецот Стефано Грос додека трет беше Германецот Нојројтер.
Малиот глобус во слалом му припадна на Марсел Хиршер кој претходно по 6-ти пат го освои Генералниот пласман во СК.