-->
-->
СКАНДАЛ на првиот ден од Евро 2016 - Де Геа вклучен во проституција со деца!
-->

Удар за Шпанија уште пред да започне Европското првенство, Давид де Геа е обвинет за посредник при силување на девојка од страна на други фудбалери.
Шпанската репрезентација се подготвува за стартот на Европското првенство и дуелот против Чешка во понеделник, но медиумите од оваа земја денеска лансираа сериозна „бомба“ која ќе влијае на атмосферата во селекцијата.
Информациите од Шпанија велат дека заштитен сведок пред шпанскиот суд дал исказ обвинувајќи ги Давид де Геа, Икер Мунијаин од Атлетик Билбао и уште еден неименуван фудбалер за кој се претпоставува дека е Иско обвинувајќи ги за силување.
Де Геа не учествувал во чинот но тој бил организаторот. Голманот на шпанската репрезентација со помош на шпанскиот порно гуру Фернандез Аленде ги снабдил Муниjаин и Иско со девојка, која била принудена на секс.
Се појавија информации дека Де Геа вчера бил вратен во Шпанија, но ваквите написи брзо беа демантирани, сепак нејасно е дали тој ќе биде стартер на натпреварот во понеделник против Чешка.
Едно е сигурно, ваквите обвинувања ја нарушуваат атмосферата во шпанската репрезентација пред почетокот на Европското првенство.
Де Геа веднаш организираше прес конференција на која остро негираше дека учествувал во секс скандал.
„Изненаден сум од оваа сторија, тоа е голема лага. Ова ме мотивира уште повеќе и ме прави посилен. Случајот за оваа лажна приказна е во рацете на моите адвокати“ – вели Де Геа.
Се појавија информации дека Де Геа ќе биде вратен во Шпанија, но голманот вели дека нема вистина ниту во тоа.
„Ќе останам со националниот тим, имам комплетна поддршка од моите соиграчи, сакам да се борам за трофејот на Европското првенство“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски со порака за 22 години од смртта на претседателот Трајковски: Неговата визија останува патоказ
-

Кривична за Фатмир Дехари и две други лица, го оштетиле буџетот на Кичево за 1.400.000 денари
-

Полицаец кој го обезбедува Собранието возел без да има положено за возачка дозвола
-

Мицкоски до Филипче: ВМРО-ДПМНЕ, и по 2028, ќе ја формира следната влада, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика
-

Одобрени обвиненијата против 13 полициски службеници за пожарот во „Пулс“
-

Гаши не го коментира случајот со враќањето на Груби во земјата, смета дека политиката не треба да се меша во судството
-

Николоски: Нови експресни патишта за подобро регионално поврзување
-

Камион усмрти крава на патот Крива Паланка - Куманово, возачот се обидел да избега | ФОТО
