Свет
26. December 2018 - 12:36

СКАНДАЛ: Со години се претставувал како свештеник, крштевал деца и венчал, а ова е правата вистина!

Човекот кој 18 години се преставувал како свештиник го разрешила Католичката црква во Шпанија, објави во понеделникот ББЦ. Мигуел Ангел Ибара венчал парови и крстел деца, прво во Колумбија па во јужна Шапанија, иако никогаш не станал свештеник.

Венчањата и кршевките ќе бидат признаени, но не и исповедите кои ги слчушнал, велат црковните службеници. Измамникот е откриен отакако за него била покрената тужба во Колумбија. Обвинителот навел дека Ибара ги фалсификувал сите документи.

По темелните истраги било откриено дека никогаш не се замонашил и му било наредено да се врати во Колумбија. Ибара дошол во Шпанија минатиот октомври и се сместил во Медина - Сидонија, место со 11.000 жители.

- Ваквите случаеви можат да фрлат сенка на работата на замонашените свештеници, кои и служат на Црквата секој ден на примерен начин, наведуваат во изјавата од месната бискупија.

Во 2008 година човек кој не бил замонашен, служел исповедувања во Базиликата св. Петар и Павле во Ватикан. Носел свештеничка наметка, но подоцна бил разотриен кога неговите документи ги откриле италијанските власти.