Тоа дополнително ги подгреа приказните во групата Бијело дугме состојбата воопшто не е идеална, како што се чини.
-Кога и да имав прилика истакнував дека во животот сум имал само двајца ментори: Даворин Поповиќ и Серџ Блажиќ. Морам да признам дека Горан тука беше малку лут, зошто маркетингшки тоа не беше најдобар потег. Но јас многу убави работи доживеав во Дугме и јас сакам да се сеќавам на убавите работи."Без оглед на се, јас секогаш исталнувам дека сум човек без влакна на јазиот, се е тоа прекрасно и буди одамна заборавени емоции, но пред се работата е во прашање; колку пари толку музика. Јас сум во својата приказна многу одамна, имам свој пат но не се одрекувам од хипотеката на Бијело Дугме, рече своевремено Тифа.
Исто така постојат приказни и дека односот меѓу Тифа и Ален воошто не е добарм а тој оваа година изјави дека ниту Бебек ниту Тифа не можат да му парираат.
-Да бидам искрен, Бебек не може мене вокално да ми парира. Како ни Тифа. Знам каде сум, ги познавам своите вокални можности и способности сега и во наредните 5 години, рече Ален и додаде дека тоа што тој може да го изведе Бебек може само да го свирка.