Живот
13. July 2015 - 10:53

Скандал во познат ресторан - Ги снимале гостите додека вршеле нужда!

Во тоалетот на Старбакс во Калифорнија е пронајден телефон кој ги снимал луѓето. Апаратот бил скриен под мијалникот, а жената што го пронашла не би приметила доколку нејзиниот син не и привлекол внимание.
 
Додека биле во тоалетот, тој ја прашал - „Мамо, зошто е телефонот под мијалникот?“
 
Жената веднаш го земала телефонот кој бил покриен со тоалетна хартија, а камерата насочена директно кон луѓето. Ги повикала вработените и во истиот момент повикала полиција која ја започнала истрагата.
 
- Ова е најлошиот облик на нарушување на приватноста, не само за мене, туку и за моето дете, - изјавила жената.