Скандал во семејството Кардашијан: Зетот Скот ли легнал сестрите на Кортни

Спиев со Клои на почетокот на годината по две луди забаи, а Кајли ја одведов во кревет уште во 2014 година во Хамптон.
На проблемите во семејството Кардашијан им нема крај зошто Скот Дисик, поранешниот маж на Кортни Кардашијан, призна дека спиел со двете нејзини сестри Клои и Кајли.
Новите шокантни детали од животот на најпознатото светско реалити семејство излегоа во јавност кога Дисик му се доверил на близок пријател за тоа што правел со сестрите Кардашијан. Тој овој скандал го предизвика само неколку дена откако излезе од клиниката за лечење зависности, на која помина повеќе од месец дена. Тој морал да побара стручна помош зошто поради конзумирањето алкохол и дрога му се распадна бракот со Кортни, која му роди три деца.
-Мајката на своите деца ја мамев со нејзините сестри. Спиев со Клои на почетокот на годината по две луди забаи, а Кајли ја одведов во кревет уште во 2014 година во Хамптон, ја пренесоа неговата изјава американските медиуми.
Семејството Кардашијан одби да ги коментира овие изјави.
Скот и Кортни беа во вонбрачна заедница со години, а нивната врска и порано запаѓаше во кризи. Пријателите на Кардашијанови тврдат дека оваа изјава на Дисик е само привлекување на внимание и негова желба да се помири со Кортни.
Ново на Сител
-

Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители
-

Умеров пред преговорите со САД: Безбедноста на Украина мора да биде сигурно и долгорочно гарантирана
-

Облачно со сончеви периоди, од вторник дожд
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина

