СКАНДАЛОЗНО: Вработени во Комунална хигиена во Пирот ги забетонирале сите дупки на дрвја

Во Пирот според пишувањата на Друштвото за заштита и прoучување на птици во Србија, вработени во Комунална хигиена ги забетонирале сите дупки на дрвја.
Со тоа е загрозена флората но и фауната бидејќи инсектите, птиците и лилјаците страдаат или остануаат без дом.

Граѓани пак загрижени за ваквото решение кое може да го загрози животот на билкките, покренале иницијатива на терен да излезе комунална инспекција.

- Недостатокот на логика не може да се надомести со некаква диплома. Дека овој филозофски заклучок е на место не уверуваат и стручните лица од ЈП Комунална хигиена - Пирот. Од потполно непознати причини на градското шеталиште ги забетонирале, да добро прочитавте ставиле бетон во сите дупки на дрвја.

- На овој начин инсектите, птиците но и лилјаците страдааат или засекогаш остнауваат без нивните домови. Случајот е пријавен кај надлежните органи, и се бара парична казна но и смена на одговорните за овој злочин - најавено е во соопштението на Друштвото.
Ново на Сител
-

Поевтинување на горивата од полноќ - ова се новите цени
-

Приведени шест малолетници од Скопје, со употреба на остар предмет од малолетник одзеле пари
-

25-годишник пијан предизвикал пожар во своето село, измерени му се 2,36 промили алкохол во крвта
-

За само шест месеци откриени над 6.300 AI-слики со сексуална злоупотреба на деца
-

Чекањето заврши: Пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоци
-

И покрај повисоките цени, „Октоберфест“ годинава заврши со рекорден број посетители
-

Истражување: Колку ПХЕВ ја загадуваат животната средина?
-

Принцот Ендрју со претставка до полицијата поради неговото апсење во врска со Епстин
