Скијалиште во Франција се затвора поради климатските промени
Ла Самбуj, туристички град во близина на Мон Блан на Француските Алпи, одлучи да ги расклопи своите скијачки жичарници бидејќи глобалното затоплување ја скратило скијачката сезона на само неколку седмици. Тоа значи дека скијалиштето, што инаку работи од 2016 година, веќе не е профитабилно и работата не се исплати.
- Претходно снег имавме практично од 1 декември до 30 март. Меѓутоа, минатата зима снег имаше само четири недели, а дури и тогаш покривката беше тенка, па многу брзо се појавија камењата на патеката... Доколку ова скијалиште би било отворено помалку од пет недели во јануари и февруари, загубите би биле околу половина милион евра, бидејќи само одржувањето на жичарницата чини околу 80.000 евра годишно, изјави Жак Далекс, градоначалникот на Ла Самбуј.
Ова лето, како што се приближуваше времето за планирање на зимската сезона, Градскиот совет Ла Самбуј донесе одлука да го затвори скијалиштето.
Меѓутоа, мештаните не се откажуваат без борба. Здружението „Сите заедно за Ла Самбуј“ почна петиција повикувајќи го Градот одморалиштата да останат отворени со усвојување на нов „поодржлив“ модел којшто би значел работење и налето заради повеќе посетители.на планините. Петицијата собра повеќе од 1.900 потписи и, според Кристијан Бели - претседател на здружението, групата презема правни мерки за да ја поништи одлуката на Градскиот совет.
Градоначалникот Далекс вели дека причината за затворањето е оправдана.
- Глобалното затоплување очигледно е во ек и се случува дури побрзо отколку што предвидуваа научниците... Работата на скијачките центри станува сè потешка, бидејќи многумина се принудени да се прилагодат на новата клима, вели градоначалникот.
Ла Самбуј не е голем скијачки центар - има три ски-лифта и само неколку патеки кои достигнуваат висина од 1.850 метри. Сепак, благодарение на големиот број патеки и релативно евтината ски-карта, местото е погодно за семејни зимски одмори. Овој град е „идилично место со исклучителен панорамски поглед и сѐ што ви треба во едно одморалиште покрај пријатели“, според британската интернет-страница за снежни забави „Он д сноу“.
Ново на Сител
-
Со трактор насилно влегол во шумски склад и оштетил возило, уапсен 43-годишник од струмичко
-
Јанев: ГП Дојран со зголемени капацитети за побрз, поефикасен и побезбеден проток на патници и возила
-
Приведен 49-годишник на ГП Долно Блаце, управувал со автомобил „ауди“ кое било барано од Интерпол
-
Малолетник нападнат од две лица во градски автобус на подрачјето на Бит Пазар во Скопје
-
Сиљановска-Давкова се сретна со победниците на „First Lego League Challenge”
-
МВР: Одземени возила користени во „диви“ трки во Куманово
-
Уапсен 40-годишник од Скопје, баран за издржување казна затвор од четири години
-
Меси: Сите сакаа да го копираат Гвардиола