Македонија
1. March 2022 - 11:53

Скопјанец приведен поради поседување марихуана

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, синоќа на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода скопјанецот Б.Ф. (42), затоа што кај него била пронајдена марихуана и бела грутчеста материја, информираат од МВР. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.