Скопјани на нозе, силен земјотрес го стресе градот два пати

Рано утрово два силни земјотреси ги вознемирија скопјани. Првиот беше во 6.58 часот и според странски сеизмолошки извори епицентарот бил на македонско- косовската граница, со јачина од 3,8 степени по рихтеровата скала и длабочина од 3 километри.

Две минути подоцна, точно во 7 часот послаб земјотрес го погоди и Скопје, со јачина од 2,8 степени по Рихер и со длабочина од 3 километри.

Земјотресите предизвикаа вонемиреност кај граѓаните, при што дел од станарите кои живеат во погорните катови од зградите во Скопје, излегоа на улица, а исплашени луѓе имаше рано утрово и низ Градскиот парк во Скопје.
Според Европскиот Медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил со магнитуда од 4,4 стпени според Рихтер, а епицентарот бил на 3 километри југоисточно од Скопје, во реонот на Црешево, на длабочина од 2 км.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
