Македонија
24. August 2018 - 10:40

Скопјанка доживеала шок - пронашла мртов маж на улица

Пронајден мртов маж во Скопје. Како што информираат од полицијата, вчера  во 17.32 часот во Полициската станица Гази Баба, вработен  на бензинска пумпа на ул. „Кеј Димитар Влахов“ пријавил дека на бензинската пумпа дошло непознато женско лице и пријавило дека во близина на пумпата имало починато лице.

По преземени мерки било утврдено дека починатото лице е Р.Л.(40) од Куманово.

По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.