Скопјанка починала во Ковид-центар откако претходно лекар „фантом“ две недели ја лекувал
Скопјанка починала во Ковид-центар откако претходно лекар „фантом“ две недели ја лекувал со терапија за која никаде не постои медицинска историја ниту белешка, објави „Слободен печат“ повикувајќи се на извори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.
Случајот го пријавил здравствен работник во ковид центарот. Блиски роднини на пациентката рекле дека таа била лекувана во домашни услови со инфузии и ги навеле точните имиња на лековите кои ги примала. Сето тоа било запишано од здравствениот работник кој ја примил пациентката во ковид центарот. Таа починала само неколку часа по приемот.
– Според сите законски прописи, испектори од ДСЗИ веднаш по преставката на здравствениот работник излегоа на терен и утврдија дека матичниот лекар на пациентката и препишал само таблетарна антибиотска терапија, пациентката потоа никогаш не побарала преглед или совет од матичниот лекар и дека не е познато кој, на сега веќе починатата и давал терапија и притоа не оставил никаков пишан документ или извештај. Од тие причини, ДСЗИ случајот го пријави во Министерството за внатрешни работи, посочуваат од Инспекторатот.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата