Македонија
23. јуни 2023 - 18:28

Скопје: 70 годишник силувал 11 годишно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 5 од Кривичниот законик.

Осомничениот 70-годишник, извршил друго полово дејствие спрема 11-годишно девојче на кое му одржувал дополнителни часови.