Македонија
4. April 2023 - 16:36

Скопје: Две лица нападнале вработен и ограбиле бензиска пумпа

На 03.04.2023 во 08.18 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека во бензинска пумпа на ул.„Методија Андонов Ченто“ две лица со закана кон вработените одзеле пари и други предмети, по што еден од нив нападнал еден вработен.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.