Скопје го разеленија над седум илјади нови садници
Во есенската акција за садење што се реализира периодов, екипи на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ засадија над 7000 нови висококвалитетни садници на различни локации во сите скопски општини.
Со есенските активности за разеленување на Скопје и уредување на нови зелени површини со висококвалитени садници, соопштија денеска од Градот Скопје, беа разубавени поголемиот број градски булевари и улици и градските паркови. Како дел од акцијата подигнати се нови дрвореди, дополнети се постоечки дрвореди, обновено е средишното булеварско зеленило и уредени се нови зелени површини, како и мали зелени плоштади.
– Зазеленувањето и подигнувањето на нови зелени површини останува на врвот на листата на приоритети на Град Скопје. Оваа есен беше успешно искористена да го обновиме загубеното зеленило и да им обезбедиме на нашите сограѓани повеќе чисти зелени површини. Влогот во здрава животна средина е трајна придобивка што непосредно влијае врз здравјето на сите сегашни и идни генерации, стои во соопштението од Град Скопје.
Ново на Сител
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф