Скопје наредната недела ќе добие нова вртелешка
При крај е монтажата на вториот рингишпил во центарот на Скопје поточно на плоштадот „Пресвета Богородица“, информираше денеска директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Душко Авировиќ под чија надлежност е ДООЕЛ „Луна“ со кој стопанисува Јавното претпријатие.
- Вториот карусел се поставува на левиот брег на реката Вардар. Ова ќе биде привремено решение бидејќи во тек е реконструкција на Луна паркот и штом одредени работи ќе завршат вртелешката во најскоро време ќе биде префрлена во Луна паркот, појасни Авировиќ.
Информираше дека од првиот карусел по четири години се изедначени трошоците со добивката од неговото работење и од оваа година се очекува да остварува приход. Истото очекување Авировиќ го има и за втората вртелешка која, како што рече, треба да остварува приходи по шестата година. Каруселот ќе поче со работа од наредната недела.
Вредноста на вториот карусел изнесува 11.500.000 денари што е повисока од првиот рингишпил.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста