Скопје: Приведени двајца криминалци барани со потерници
Во Скопје на ул.„Бутелска“ денеска во 13:10 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Л.(32) од Скопје. За него била распишана централна потерница по наредба од ОЈО-Скопје за издржување мерка притвор за сторено кривично дело по член 237 од Кривичниот законик.
Од МВР соопштија дека лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на мерката притвор.
Денеска во 13:00 часот на ул.„Боро Менков“ во Скопје, полициски службеници од Тим потраги од Одделенијата за криминалистички работи Ѓорче Петров и Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода и Е.С.(35) од Скопје.
– Тој бил баран по централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната, соопштија од МВР.
Ново на Сител
-

По Аеродром, нови пријави за насилство врз малолетници во Центар и Карпош
-

Филипче го одби Мицкоски и за гласање на дијаспората преку писмо
-

Златни денови на Кратово
-

Рокас: Убеден сум дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме извонредни резултати
-

Ребалансот е насочен кон инвестиции и развој, смета власта, додека опозицијата со спротивен став
-

Јавна дебата за продолжувањето на А-интегрираната дозвола за Титан Усје
-

Рокас: Реформите напредуваат
-

Мицкоски: Подготвени сме за компромис
