Македонија
26. July 2016 - 16:25

Скопје се сеќава: 53 години од кобниот земјотрес

Семејството Марковски никогаш нема да го заборави кобното утро на 26ти јули 1963та. Во катастрофалниот земјотрес загубиле свои роднини. Велат дека никогаш нема да избледат  болката и тагата како и сеќавањата на стравичната слика.

Скопјани и денес со солзи се сеќаваат на оваа трагедија.

Денеска на Градските гробишта Бутел и официјални делегации положија цвеќиња пред Споменикот на жртвите од земјотресот.

Присутни беа делегација на Градот Скопје со градоначалникот Коце Трајановски, претставници на Владата и  Собранието на Република Македонија, Советот на Град Скопје, Министерството за одбрана, делегации од политичките партии и дипломатскиот кор во земјава, културни установи и јавни институции.

По повод одбележувањето на 53 годишнината од земјотресот и Црвениот крст на град Скопје организираше крводарителска акција.

За таа цел хуманите граѓани даруваа крв за да спасат човечки животи со капката која живот значи.

Во старото Скопје со  46 илјади живеалишта и 170 илјади жители, земјотресот уништил 35 илјади градби каде што загинале две илјади луѓе. Скопје помни, додека стариот часовник во градот остана да сведочи за времето застанат со стреликите на 5.17 часот.