Скопје уште без решение за мостот „Беласица“
Речиси една недела по пожарот мостот „Беласица“ и натаму останува затворен за сообраќај.
Неофицијалните информации кои доаѓаат од првичните проценки на терен отвораат дополнителен простор за загриженост дека Скопје ќе остане без оваа многу важна сообраќајница во текот на целото лето, есента, а веројатно и зимата.
Експертите стравуваат дека пожарот развил голема температура која ја оштетила арматурата на мостот и дека во таква ситуација неизбежно ќе биде да се направи целосна реконструкција.
Од Градот Скопје се уште нема информација како планира да го реши проблемот и да го нормализира скопскио сообраќај.
Експерти за Сител веќе предупредија дека големи се шансите повеќе од една година да останеме без овој мост што ќе биде вистинска катастрофа за главниот град кој и претходно се гушеше во интензивен сообраќај а во последните неколку дена во сообраќајниот шпиц од Центар до Аеродром, 5 км се возат речиси еден час.
Ново на Сител
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Трамп размислува за ограничени напади врз Иран
-

Полицијата во Њујорк застрела жена која претходно со ножеви нападнала две лица на „Тајмс сквер“
-

Русинот осомничен за тројно убиство во Црна Гора по кратка престрелка со полицијата се самоуби
-

Сончево и топло, температура до 37 Целзиусови степени
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
