Скопска Апелација ја одби жалбата на Мијалков за одредениот притвор за „Таргет – Тврдина“
Апелацискиот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на Сашо Мијалков во предметот „Таргет – Тврдина“ и го потврди решението за притвор како мерка за обезбедување присуство.
-Апелацискиот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -19/21 познат во јавноста под името „Таргет – Тврдина“ по одржана нејавна седница на ден 12.03.2021 година, донесе одлука со која жалбата на обвинетиот С.М. од С. изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е укината мерката куќен притвор и определена мерка притвор како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот, го потврди, се наведува во соопштението од Апелацискиот суд Скопје.
Вака донесената одлука, како што е посочено во соопштението од Апелацискиот суд Скопје, ќе биде објавена во целост на веб страницата на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.
Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков на 26 февруари годинава доби затворска казна во траење од вкупно 12 години за случајот „Таргет-Тврдина“ за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и за примање награда за противзаконито влијание. Судот одлучи да го прифати предлогот на обвинителката Ленче Ристоска која побара ефективен наместо домашен притвор за Мијалков, до правосилноста на пресудата.
Ново на Сител
-
Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Малезија
-
Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ
-
Израелската армија издаде наредба за евакуација на Балбек
-
Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава
-
Тешко повреден возач на трактор - изгубил контрола над возилото
-
Извештај на ЕК : Низок оперативен и административен капацитет за сите видови транспорт
-
Израел проценува дека 51 заложник држени во Газа се живи
-
БиХ: Во Јабланица се одржуваат локалните избори одложени поради поплавите