„Скопско лето“ почнува со концерт на музичари од Израел
Со концерт на Дадо Дганит, позната пејачка и член на Националниот театар на Израел „Хабима“, вечер од 20.30 часот во Македонската филхармонија ќе биде отворен фестивалот „Скопско лето“.
Дирекцијата за култура и уметност-Скопје го организира нејзиното гостување со поддршка од Амбасадата на Израел во Македонија, а со со концертот ќе бидат одбележани 70 години независност на Израел.
Дадо Дганит, која на сцената ќе биде придружена со четворица инструменталисти, на своите концерти им дава нов живот на старите ладино мелодии и разновидната еврејска музичка култура ја модернизира збогатувајќи ја со ориентален ритам и звуци на клезмер - музичка традиција на Евреите Ашкенази во Источна Европа.
Има објавено шест албуми, често е на турнеи низ светот и настапува на светски музички фестивали и на повеќе јазици - хебрејски, француски, шпански, арапаски, како и на ладино - јазикот на сефардските Евреи.
Во вториот дел од вечерашниот концерт ќе настапи и водечката флејтистка во Израел, Хефциба Зер Авив, која свири на повеќе од 20 видови флејта и претставува уникатен и спектакуларен мозаик од израелски и медитерански егзотичен стил свирење на овој инструмент.
Има издадено четири албуми, настапила во познати музички центри, меѓу кои и во „Карнеги хол“ во Њујорк во 2012 година со рецитал за флејта. Во 2016-та го отворила концертот на „Дип Парпл“.
По вечерашното отворање, „Скопско лето 2018“ ќе продолжи со програмските содржини кои традиционално траат до 31 јули. Во 40-те фестивалски дена најавени се околу 50 настани - театарски претстави, концерти од различни жанрови, програми за деца, десетина изложби со домашни и со ликовни уметници од странство, промоции на книги, а од 12 јули во Сули ан ќе ја има и редовната филмска содржина „Кафе кино“. Фестивалот ќе се одржува на 20-ина локации во главниот град.
Фестивалот е поддржан од Град Скопје, Министерството за култура и од странски културни центри и амбасади. Директорот на ДКУС Никола Глигоров на прес-конференција рече дека се задоволни што „Скопско лето“ опстојува 39 години на културната мапа на Скопје, но и на државата, и дека со своите атрактивни и квалитетни содржини успева да го задржи вниманието на публиката.
Ново на Сител
-
На седиште во меѓуградски автобус оставил торба со марихуана, полицијата ја пронашла - кривична за 18-годишник
-
Руте: Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа
-
Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва
-
Оставка на 15 вработени во белградската Воздухопловна академија го спречува почетокот на наставата
-
Штетите од пожарите во Јужна Калифорнија се проценуваат на 250 до 275 милијарди долари
-
Фјури објави дека се повлекува од боксот
-
МЗ: Коска од починат донор имплантирана на прсти кај 13-годишно дете на Клиниката за ортопедија
-
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои ризик од раст на активноста на вирусот