СКСЗМ: Задолжувањето ќе се одрази врз стопанството
Со најавеното задолжување и со ребалансот на Буџетот, уште еднаш се покажува дека приоритет се социјалниот апсект и партиските интереси, а не економскиот развој, реагира денеска Стопанската комора на северозападна Македонија.
Според Комората, интенцијата на ребалансот е да се намалат сите развојни ставки, а проектираните средства ќе се користат за покривање на тековните обврски, наместо за развој на економијата. Издавањето на еврообврзницата, пак, негативно ќе влијае врз стопанството, зашто враќањето на секој заем паѓа на негов товар.
Став на Стопанската комора на северозападна Македонија е дека за еврообврзницата имала алтернатива - аранжаманот на ММФ, чии услови се многу подобри и поповолни за државата.
- Досега не видовме дека некои од ребалансираните средства се искористиле за капитални инвестиции или за мерки кои вистински придонесуваат да се стори нешто суштински во насока на економскиот развој. Ниту во однос на еврообврзницата видовме некој конкретен план кој кажува дали и како овие средства ќе се искористат во стопанството, рече на прес-конференција извршниот директор на Комората Фатмир Битиќи, додавајќи дека има пад на состојбите во стопанството, намалени се побарувачката за услугите и продуктите, ликвидноста, како и инвестициите.
Стопанската комора на северозападна Македонија, додаде потпретседателот Менди Ќура, постојано ја изразува својата загирженост во врска со актуелните политики, но алармирањето не се зема предвид од страна на политичките партнери.
Стопанската комора на северозападна Македонија на прес-конференцијата реагираше и на соопштението од Министерството за финансии, во однос на состанокот на министерот со стопанските комори што се одржа минатиот четврток, на 7 јули. - Не е точно дека Комората ги поддржува сите владини политики. Комората може да даде безрезервна поддршка само на својата платформа, а не и на праксата за зголемување на јавниот долг или на трендот на непродуктивните расходи. Поддржуваме рамномерен регионален развој, но не и селективен пристап, поддржуваме претприемништво, еднаков третман на домашните и странските инвестиции, законодавство како предуслов за правна држава. Комората ќе остане конструктивен партнер и критичар на секоја отстапка од определбите за економски и социјален развој, рече Битиќи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници