Скупи, Св.Пантелејмон и Матка во агендата на министрите Исмаили и Шуганг
Во пресрет на официјалниот дел на 4. Министерски форум за културна соработка меѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа, што годинава се одржува во Скопје, домаќинот, министерот за култура на Република Македонија, Хусни Исмаили и министерот за култура и туризам на Народна Република Кина, Луо Шуганг, денеска го посетија археолошкиот локалитет Скупи во близина на Скопје.
За време на посетата на локалитетот, кој потекнува од римскиот период, кинеската делегација имаше можност одблизу да се запознае со историјата на денешно Скопје. Во агендата на министрите Исмаили и Шуганг беше и манастирската црква „Св. Пантелејмон“ во Нерези, значаен споменик на културата од византискиот период чие фрескосликарство се вбројува меѓу врвните дострели на византиското сликарство.
Попладнево, министрите го посетија и кањонот Матка, при што кинескиот министер за култура и туризам, Шуганг со својата делегација беа запознаени со ретките природни богатства на паркот Матка, како и со духовното и културно наследство преку манастирите и црквите во овој комплекс.
Четвртиот министерски форум за културна соработка на Процесот „17+1“, официјлно започнува утре со панел-дискусија во 10 часот во хотел „Мериот“ во Скопје. Високи претставници, министри, заменици-министри и други членови од сите земји членки на процесот ќе учествуваат на Форумот на кој се предвидува да биде усвоена Скопската декларација за соработка во следните две години.
Во попладневниот дел од Форумот ќе биде презентирана веб-платформата на Координативниот центар за културна соработка, како и проект за културен туризам. Во рамките на првиот ден, учесниците на Министерскиот форум на Иницијативата „17+1“ ќе го посетатат Музејот на современата уметност, а во вечерните часови ќе имаат можност да го проследат концертот на оркестарот на Националната филхармонија на Република Македонија.
Форумот ќе продолжи во вторник (26.11.2019) во 10:00 часот во Археолошкиот музеј каде што по разгледувањето на постојаната поставка, ќе биде затворен со изјави на министрите Хусни Исмаили и Луо Шуганг.
Ново на Сител
-
„Тинекс“ - 30 години успешно работење и постојана инвестиција во развој и иновации
-
Уапсени две лица на натпреварот Франција – Израел
-
76-годишна скопјанка измамена од Ганец, во повеќе наврати му праќала 8.000 евра и телефони
-
АТП го казни Тиафо со 120.000 долари поради пцуење судија
-
Денеска последната супермесечина за оваа година
-
Кирјос по двегодишна пауза се враќа на тенискиот терен
-
Фалкао најдобар колумбиски стрелец во историјата
-
Лазаров го објави поширокиот список ракометари за Светско првенство