Сквернавење на гробишта
По пријава од граѓани, полицијата во Берово тргнала во истрага да провери дали на местото „Црвени брегови“, атар на Берово, навистина лиценциран извршител за погребални услуги во општина Берово на градежна депонија фрла и закопува остатоци од починати лица, извадени од Градските гробишта.
Веднаш по добиената пријава, во консултација со јавен обвинител и во содејство со работна машина багер, извршено е пребарување на посоченото место и на пошироката околина, но не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело, туку биле пронајдени само остатоци од градежен шут и отпад.
По дополнително преземени мерки и по извршени разговори во полицијата, откриено е дека лиценцираниот извршител на погребални услуги во повеќе наврати вршел ископување на стари гробови и ги фрлал остатоците од починатите лица на друга локација.
Додека, подоцна, по овластување на јавен обвинител, бил извршен увид на гробиштата во село Смојмирово и на удолницата на јужната страна биле пронајдени пет коски кои наликуваат на коски од човек. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар