Славески: Свикав итен состанок за согледување на можностите за испраќање хуманитарна помош за Турција и Сирија
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески свика итен состанок на Координативното тело на советот со цел разгледување на сите можност за испраќање хуманитарна помош за областите во Турција и Сирија зафатени со разорниот земјотрес од 7,8 степени според Рихтер.
-Во договор со советничките групи и градоначалникот Данела Арсовска како претседателот на Советот свикав итен состанок на Координативното тело на советот на кој ќе се согледаат сите можности за испраќање хуманитарна помош, за што Советот ќе донесе одлука на итна вонредна седница што ќе се закаже за во најкус можен рок, информира Славески во пишана изјава.
Тој изрази длабоко сочувство до семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.
-Молитвите во овие тешки моменти се со пријателските народи на Македонија кои се зафатени од разорен земјотресот, напиша Славески.
Ново на Сител
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
КСОМ: Газди на приватни фирми спречувале работници да влезат во синдикат
-
ДУИ не дава поддршка
-
Втората најголема градинка во Македонија ќе биде во Прилеп
-
Скрининг или рана детекција на карцином на дојка