Славјанка Петровска: Северна Македонија ќе купи систем за противвоздушна одбрана од Франција

На денешната седница на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија, министерката за одбрана Славјанка Петровска ги запознала членовите на Комисијата со Информацијата и потребата на Армијата за набавката на современ систем за противвоздушна одбрана.
– Станува збор за унапредување на системот за борбена готовност на Армијата во насока на остварување на основната задача за одбрана на независноста и територијалниот интегритет и суверенитет на државата, за чија цел Министерството за одбрана пристапува кон набавка на современ систем за противвоздушна одбрана, а за кој ќе склучи договор со Министерството за одбрана на Република Франција, стои во соопштението од МО.
Станува збор за повеќегодишна набавка на систем за противвоздушна одбрана на мали височини, кој треба да ја унапреди борбената готовност на Армијата, а кој е предвиден согласно Планот за опремување и модернизација на Армијата.

Како НАТО членка, безбедноста на нашето небо ја гарантираат сојузничките воздухопловни сили, а набавката на системот за противвоздушна одбрана е комплементарна во целокупниот одбранбен систем на државата.
Од МО информираат дека во согласност со Законот за јавните набавки во одбраната и безбедноста, Министерството за одбрана на Република Северна Македонија наскоро ќе склучи договор со Министерството за одбрана на Република Франција, за кој јавноста ќе биде подетално информирана и за типот на воена опрема и за динамиката на испорака.
Во изминатите две децении, се наведува, не е извршена набавка на систем за противвоздушна одбрана кој е потребен пред сè за поддршка и заштита на припадниците на Армијата, заштита на институциите, и зголемување на безбедноста и сигурноста на граѓаните на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-

Дожд се очекува утре, потоа следуваат сончеви денови
-

ФБИ со честитки до МВР за успешната акција против меѓународниот сајбер-криминал!
-

Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип
-

Трамп: Лицата кои оддаваат информации за воените операции на американската армија треба да бидат стрелани
-

Кривична пријава против полициски службеник - фалсификувал дарување крв
-

Мадуро денеска ќе се појави пред суд во САД по нови обвиненија за тортура
-

Муцунски: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства
-

Маск сугерира дека американската влада е одговорна за ограничувањето на воената сателитска мрежа во Украина
