Следните две години би можеле да бидат најтопли досега

Следните две години би можеле да бидат најтоплите досега забележани во светот, се наведува во истражувањето на Метеоролошката служба на Велика Британија.
Експертите предупредуваат дека климатските промени би можеле да се случуваат под влијание на зголемувањето на емисии на гасови и природни движења. Се очекува феноменот Ел Нињо на Пацификот да влијае врз вкупното затоплување во светот.
Експертите, исто така, предвидуваат дека летните периоди во Европа би можеле да бидат постудени додека остатокот од светот се затоплува. Научниците потврдиле дека температурата на Земјата оваа година е на рекордно високо ниво.
Директорот на Центарот „Хедли“, професорот Стивен Велчер изјави дека „природните околности секоја година придонесуваат за раст на глобалните температури, но исклучително високите температури оваа година укажуваат на човечкото влијание, односно зголемената емисија на јаглерод диоксид“.
- Постои веројатност дека следната година ќе има слични температури, што покажува дека климата продолжува да се менува, додава Велчер.
Професорот на Универзитетот Рединг, Роуан Сатон нагласи дека следните години ќе бидат меѓу најтоплите, кои се досега забележани, само доколку постои и голема вулканска ерупција. гт/сп/18:34
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе се сретне со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат
-

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион
-

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви
-

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак повеќепати престојувал стан на Епстин во Њујорк
-

Браун: Кризата со лидерството на Стармер е „сериозна“
-

Жител на кавадаречко Возарци возел без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
