Следува променливо време, со снег на планините

Утрово во земјава е ведро и многу студено, со температури кои на некои места се спуштаат и до минус 13 степени.
Во текот на денот времето ќе биде претежно сончево, со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од минус 1 до 6 степени
Во Скопје утрото е студено, со минимална температура до минус 8 степени, а преку денот ќе преовладува сончево време со умерен јужен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне околу 3 степени.
Во наредните денови времето ќе остане студено. Во петок се очекува променливо облачно време со минимални температури под нулата насекаде низ земјата. Во западните делови ќе има повремени врнежи од снег.
Потоа следува период на постепено затоплување, со променлива облачност и повремени локални врнежи од дожд,
Ново на Сител
-

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени
-

Извршени првите тренажни летови со „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување
-

Во пораст бројот на заболени од рак на грлото на матката, најмладите пациентки се на 18 годишна возраст
-

Победи за Алкараз, Медведев и Сабаленка на Австралија опен
-

Ѓоковиќ го откажа тренингот во Мелбурн
-

Извлекување на двојките за ¼ финалето од фудбалскиот Куп
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска – Исланд за старт на дуелите од група 2
-

Пожар кај Тутунски комбинат, зафатена автомеханичарска работилница | ВИДЕО
