Слободни места за учебната 2016/2017 во гимназиите во Ростуше и Центар Жупа
Во средните општински училишта во Ростуше и во Центар Жупа се уште има слободни места за упис во прва година за учебната 2016/2017 година.
Во двете образовни установи, предвидените квоти, до денеска пополнети се само 35 отсто во Ростуше и девет проценти во Центар Жупа, поради што уписот продолжува до почетокот на новата учебна година.
- Во средното општинско училиште „Маврово Ростуше“ во Ростуше, во прва година предвидената квота е 102 ученика, во три паралелки, сите гимназиска насока, се на мајчин македонски јазик. Запишани се 35 ученици,што значи дека слободни се 67 ученички места. Потребниот минимум поени од 60 е намален на 40, вели Бошко Божиноски, секретар на училиштето.
Уписот продолжува и во СОУ„АТА“ во Центар Жупа, каде до денеска се запишани само девет ученици, тројца за настава на македонски и шест на турски наставен јазик.
Според директорот Аќиф Сељман,со Конкурсот на МОН за упис во прва година за учебната 2016/2017 година, предвидената квота е 102 ученика, во три паралелки, една со настава на македонски и две на турски наставен јазик, со 34 односно 68 ученици.
Ново на Сител
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух