Словачка одбива да прифати бегалци муслимани

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Словачка вчера изјави дека неговата земја при распределабата на бегалци од Сирија меѓу земјите членки на ЕУ ќе прими само христијани, јавува Хина.
Според планот на ЕУ за распоредување на 40.000 бегалци, Словачка треба да прифати 200 од нив од бегалски кампови во Турција, Италија и Грција.
Портпаролот на министерството Иван Метик изјави дека Словачка нема да прифаќа муслимани, бидејќи тие нема да се чувствуваат како дома. Според Метик, пристапот на неговата држава не е дискриминирачки и дека целта е опстанок на заедницата, пренесува Би-Би-Си.
Агенцијата на ОН за бегалци УНХЦР ги повика државите да покажат „интегративен пристап“ и да ги прифатат бегалците.
Бројот на бегалци на границите на ЕУ во изминатите неколку месеци е зголемен и во јули достигна рекордни 107.500 лица. Меѓу нив, најмногу се Сиријци, Авганистанци и африканци, кои бегаат од војни и глад. Минатиот месец земјите членки на ЕУ постигнаа договор во следните две години да прифатат 32.000 баратели на азил кои пристигнуваат во Италија и Грција, што е помалку од претходно разговараните 40.000 лица.
- Сакаме да и помогнеме на Европа со овој миграциски бран, но ние сме само транзитна држава и луѓето не сакаат да останат во Словачка, изјави Метик за Би-Би-Си, додавајќи дека земјата може да прифати и 800 муслимани, но нема џамија, со што тие нема да може да се интегрираат и да сакаат да останат.
Портпаролката на Европската комисија Аника Бреитхард изјави дека не може директно да го коментира ставот на Словачка, но нагласи дека во земјите членки на ЕУ е забранет секаков облик на дискриминација.
Ново на Сител
-

Фестивалот „Браќа Манаки“ ќе почне на 19. септември
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски учествува на годишниот состанок на УО Центарот за извонредност во финансиите - ЦЕФ
-

Мицкоски: Граѓаните беа толерантни, сега е на ред тие да им се одолжат
-

Врховен суд на Македонија домаќин на XVI годишна конференција на врховни судови од Централна и Источна Европа
-

ШКЛ - од денес до 30-ти јули, Штип во знакот на културата
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
