Словачка општина гласаше против прифаќање на бегалци
Жителите на селото Габчиково на југот на Словачка на референдум го отфрлија предлогот привремено да примат 500 бегалци кои живеат во Австрија, јави дописникот на МИА.
Против примањето на бегалците во нивната општина гласале речиси 97 отсто од учесниците на референдумот.
Околу 4.300 избирачи имаа можност да одговорат на прашањето ,, Дали си против формирање на привремен бегалски камп за мигранти во наменски објекти на Техничкиот универзитет?". Според надлежната Комисија на гласање излегле 2.603 лица односно над 58 проценти, од кои само 102 поддржале изградба на камп.
Според градоначалникот на локалната самоуправа Иван Фенес Референдумот бил организиран откако речиси 3.150 луѓе потпишаа петиција со која изразија протест против привременото сместување на бегалците.
- Луѓето сакаат да живеат мирно и безбедно. На општина со 5.000 жители, неколку стотици бегалци се многу, изјави за порталот ,,Сме" Фенес.
Словачкото Министерство за внатрешни работи предупреди дека при донесувањето на конечната одлука не мора да бидат земени в предвид резултатите од референдумот.
Словачка се обврза да обезбеди сместување за 500 луѓе кои аплицираат за азил во најголемиот австриски бегалски камп Траискирхен, за што и од двете земји беше потпишан Меморандум на 21 јули во Виена.
Според соопштението на МВР, не може да се разбере паниката која поради бегалците владее кај жителите каде објектот за азил се наоѓа уште од 1994 година и од тогаш тоа се користи за престој на странци. Од таму ветуваат дека во објектот ќе биде зајакнато обезбедувањето.
Ново на Сител
-
Ќе се откочи ли македонскиот евроинтегративен пат со новата бугарска влада?
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија
-
Македонски навивачи држени четири и пол часа на хрватска граница, се барале знамиња со сонцето од Кутлеш
-
Бугарија доби нова влада – Росен Жељазков избран за премиер
-
Владата го поздравува изборот на нова влада во Софија, но со резерва за можен напредок во разговорите
-
Интерпелацијата даде резултат – Илире Даути си поднесе оставка
-
Деветгодишно дете почина на клиниката за детски болести – Било донесено од штипската болница во многу тешка состојба
-
ИЈЗ: За една недела трипати повеќе болни од грип