-->
-->
Словачка втора држава во ЕУ што почна имунизација со Спутник В
-->
Словачка е втора држава во Европската унија што почна со имунизација со руската вакцина Спутник В, која се уште не е одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА).
Словачка ја одобри вакцината на 26 мај и има на располагање 200.000 дози.
Досега само 5.000 луѓе се пријавија за Спутник В, а првата земја на ЕУ што го одобри тоа беше Унгарија. Тајната набавка на руската вакцина во Словачка предизвика политичка криза во март, што резултираше со пад на владата.
Словачка се уште користи вакцини од Фајзер, Модерна и Астра Зенека, сите одобрени од ЕМА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
