Словачкиот министер за надворешни и европски прашања Корчок во посета на Македонија
Државниот секретар и вршител на должноста министер за надворешни и европски работи на Република Словачка Иван Корчок утре и задутре ќе биде во работна посета на Република Македонија.
На средбата со македонскиот домаќин, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, како што соопшти МНР, се очекува да бидат разгледани севкупните билатерални односи, евро-атлантската интеграција на Република Македонија, внатрешно-политичката состојба во нашата земја и односите со соседите. Ќе бидат разменети и мислења за актуелните регионални и меѓународни прашања.
За време на посетата предвидено е официјално отпочнување на проектот „National Convent for European Union in the Republic of Macedonia“, кој ќе се реализира со финансиска поддршка од SlovаkAid и USAID. Реализацијата на овој проект претставува дополнителна потврда на поддршката на Словачка на македонскиот евро-интеграциски процес.
Гостинот од Словачка ќе се сретне и со заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, а ќе биде примен и од претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.
Ново на Сител
-
Истрага против дилер на дрога во Скопје
-
Уличен форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“ во Скопје
-
Студено утро, преку ден сончево
-
Ќе се гради патот Букојчани - Кичево за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга
-
Голем земјотрес регистриран во Карипско Море издадено предупредување за цунами
-
Парламентарни избори во Косово
-
Трамп телефонски разговарал со Путин
-
Николоски: Поголем проблем во судството од корупцијата е немањето морал и однос кон јавноста