Словачкиот претседател стави вето на пакетот антитерористички закони

Словачкиот претседател Андреј Кишка стави вето на пакетот-закони за борба против тероризмот, кој минатата недела го усвои Парламентот, јави дописникот на МИА од Прага.
Предлог-законите предвидуваат зајакнување на овластувањата на полицијата и тајните служби.
Словачкиот Парламент на вонредна седница в понеделник повторно ќе ги разгледува измените, а владејачката партија СМЕР-Социјална демократија го има мнозинството за повторно изгласување на пакетот.
Антитерористичкиот пакет- закони обезбедува, на пример можност за апсење на лице, зголемување на овластувањата на тајните служби, непрекинат пристап до податоците на мобилните оператори врз основа на судска одлука, како и зголемување на долната граница на казната за кривичното дело поддршка на терористички групи од актуелните осум на 10 години.
Претседателот Кишка се одлучи на вето на барање на стотици јавни личности во Словачка, со образложение дека измените во законите и Уставот може да бидат злоупотребени за „мешање на државата во слободата и приватноста на граѓаните“.
- Мерките немаат никаква врска со борбата против тероризмот. Сметаме дека е неприфатливо, за јакнење на моќта на безбедносните сили на државата и за ограничување на слободата на граѓаните да се одлучува без да се вклучат експерти и поширока јавност од таа област, во контекст на предизборната кампања на владејачката партија, велат потписниците на барањето за вето на антитеростичките закони.
И опозициските пратеници ги критикуваа измените, тврдејќи дека водат кон создавање на полициска држава.
Ново на Сител
-

Во КПУ Идризово пронајден починат 60-годишен затвореник
-

Кавадарчанец со 2,97 промили алкохол во крвта бил агресивен кон сопругата и малолетната ќерка
-

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“
-

19-годишна девојка загина кај Свети Николе откако со возилото излета од патот
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
-

Уапсена жена од Скопје, предизвикала пожар во Центар
-

Николоски: Градежништвото ја движи економијата
