Словенечки сурфер само чудо го спаси: Преживеа 26 часа во немирно море, преплива од Хрватска до Италија

Словенечкиот сурфер Горан Јабланов поминал 26 часа во разбранувано море и преживеал невозможно, допливајќи од Хрватска до италијанскиот брег.
Никој не може да се изначуди како овој 47 - годишен љубљанец, инаку професор по физичко, испеал да преживее во подивеното море и услови во кои, според зборовите на експертите, нормален човек може да преживее само 12 часа.
Италијанскиот Пиколо пишува дека Јабланов бил исфрлен од морето на плажата Коста деи Барбари, кај местото Систијана, оддалечено 19 километри од Трст. Тој кога стигнал до копното отишол до блиското кафуле и замолил да телефонира и повикал Итна помош која го префрлила во болница, од каде и се јавил на сопругата. Само неколку часа подоцна Словенецот е пуштен на домашно лекување.

Горан преживеал 26 часа во студеното и разбранувано море и препливал околу 40 километри. Кога дошол до брегот бил настинат и дехидриран, но сепак во добра состојба.
Инаку, Јабланов со пријател од Хрватска одлучил да сурфа по дивите бранови предизвикани од орканско југо, но брзо работите тргнале на лошо двојката наеднаш се нашла во море. Хрватот некако успеал до дојде до брегот, додека Словенцот бил однесен од морето.
Шефот на словенечката Цивилна Заштита Сречко Шестан за ПОП ТВ рече дека клучна улога во неговото преживување, освен искуството и одличната физичка кондиција, одиграло и неопренското сурферско одело кое го носел и кое го спасил од смрт.
Во прилог му била и релативно високата температура на морето за овој период од годината, а и тоа што не се одвојувал од даската со која влегол во море.
Ново на Сител
-

Судење на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-

Текстилната индустрија полека згаснува
-

Преглед на вестите од светот
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
