Словенечкото обвинителство ќе докажува проневера „тешка” 250 милиони евра при изградбата на термоелектрана

Во Словенија специјално Државно обвинителство поднесе вкупно 14 обвиненија за проневера „тешка” 250 милиони евра направена при изградбата на блок во најголемата термоелектрана во земјата „Теш 6”.
Обвиненијата се поднесени за 12 физички и две правни лица, од кои едното е странско. Според обвинителството тие направиле вкупно 24 кривични дела, меѓу кои и злоупотреба на службената положба и овластување, перење пари и помагање при извршување на кривично дело.
Најголем дел од обвинетите се вработени во термоелектраната која се наоѓа во Шоштањ, близу Велење.
Во обвинението се наведува дека изградбата на шестиот блок на Теш 6 првично требало да изнесува 650 милиони евра, но поради лошо управување и малверзации, работата на крај чинела 1,41 милијарди евра.
– Ова е исклучително голем и комплексен случај, а обвинението е на 1.332 страници. Целото досие за случајот содржи документи и докази од 70.000 страни, изјави Петра Гиакомели, претседател на Окружниот суд во Целје.
Истрагата околу аферата со изградбата на шестиот блок на термоелектраната трае повеќе години и поради тоа беше цел на многу критики во јавноста поради бавниот процес.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
