Словенија е загрижена за повторното ширење на коронавирусот во Хрватска

Словенија е загрижена поради повторното ширење на Ковид-19 во соседна Хрватска, јави дописникот на МИА од Љубљана.
И покрај тоа што за Националниот институт за јавно здравје состојбата во Хрватска сè уште е под контрола и земјата е во групата на епидемиолошки безбедни, сепак од Владата објавија дека со загриженост следат што се случува во Хрватска.
За словенечкиот министерот за здравје Томаж Гантар, Хрватска полека станува небезбедна земја во однос на ширењето на коронавирусот.
– Загрижен сум за тоа што се случува во Хрватска и се плашам дека ситуацијата дополнително ќе се влоши. Во случај ако се утврди дека поголем дел од новозаразените со коронавирусот во Словенија се увезени случаи од Хрватска или ако пак во соседната земја продолжи да се шири вирусот, тогаш сите оние кои доаѓаат од Хрватска во Словенија ќе мораат да одат во карантин, бидејќи земјата ќе биде ставена на „црвената листа“, изјави Гантар.
Инаку, во Хрватска сега се регистрираат по дваесетина нови случаи дневно, што претставува големо зголемување, имајќи предвид дека изминатите недели имаше многу денови без новозаразени.
Ново на Сител
-

Иран повторно ја предупреди Бугарија
-

Герасимовски: Подготвени сме за 1 септември и за пречек на нашите првачиња
-

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, во моментов пет активни пожари
-

АХВ спречи увоз на над 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин
-

Германски државјанин поседувал марихуана при влез во државава
-

На скопјанка од Аеродром возилото и било оштетено од заталкан куршум
-

ЦУК: Досега нема пријава за пожар на Водно, чадот над Скопје е од пожарот на Китка
-

Вонредна дератизација на критични локации во Центар
