Балкан
27. April 2021 - 11:36

Словенија ги отстранува контролните пунктови кон Австрија и Италија

Словенија од утре ги отстранува пограничните контролни пунктови кон Австрија и Италија, но остануваат кон Унгарија.

Во Словенија од утре ќе се признаваат резултати од ПЦР тестови кои се направени во Австралија, на Нов Зеланд, во Канада, Израел и Русија.
 
Досега се признаваа само резултатите од ПЦР тестовите кои се направени во земјите од ЕУ, државите надвор од Шенген зоната и во Велика Британија.

Од словенечката црвена листа на ризични земји е отстранета Финска, но е додадена Малта.