Словенија ќе и помага на Македонија во јакнење на Платежната агенција и советодавните служби за земјоделците
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во рамки на 12-от Форум за агро-трговија и економска соработка оствари средба со заменик-претседателот на Владата и министер за земјоделство, шумарство и храна на Република Словенија, Дејан Жидан, во Брдо кај Крањ, Словенија.
На средбата, како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е договорена помош од Република Словенија во евроинтеграцискиот процес на Република Македонија.
Министерот Жидан, истакна дека Република Словенија стои на располагање за помош во делот на подобрување на функционирањето на македонската Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како институција која е важна за распределбата на националните и европските пари. Тој посочи дека Република Словенија ќе помогне во јакнењето на советодавните служби за земјоделците во Република Македонија, како на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и руралниот развој, но и на приватните советодавни служби. Во таа насока, тимови од Република Македонија и од Република Словенија, со следниот период ќе работат на реализација на овие два клучни приоритети за развојот на македонското земјоделство.
Форумот за агро-трговија и економска соработка е во рамки на 55-тото издание на Саемот за храна и земјоделство „АГРА ФАИР 2017“ што се одржува во Горња Радгона, Словенија. Како клучен настан кој годинава го одбележа саемот, е официјалната средба во рамките на форумот и платформата за соработка во областа на земјоделството „16+1“, помеѓу министрите од земјите од Централна и Источна Европа и од НР Кина.
На министерскиот состанок се дискутираше за улогата на меѓународната трговија и синџирот за снабдување со храна на локално и глобално ниво, за напредокот на соработката во областа на земјоделство во текот на изминатата година и за идните чекори за подобрување на меѓународната трговија.
Ново на Сител
-
Протекува кровот на штипскиот Народен театар, а недостасува и технички кадар
-
Преглед на вести од светот
-
Отворено 32-то издание на фестивалот на камерен театар Ристо Шишков
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Зоран Крстевски, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Мицкоски: Пред 33 години битката беше да се исправиме на нозе, денес за големи чекори
-
Честитки од политичките партии по повод независноста
-
По три години од пожарот во тетовската модуларна болница, одговорност се уште нема