Словенија ќе ја добие првата жена началник на Генералштаб
Словенечкиот министер за одбрана Карл Ерјавец потврди дека ќе ја предложи генерал-мајор Аленка Ерменц за нов началник на Генералштабот на словенечките вооружени сили.
Аленка Ерменц, која минатата недела беше промовирана во прва жена воен генерал, од утре ќе го замени генерал-мајорот Алан Гедер на чело на Генералштабот.
Гедер на оваа позиција дојде на 22 февруари годинава, а како што е најавено, Ерјавец на денешната седница на Владата ќе предложити на таа позиција да го замени Ерменц. Словенечките медиуми јавуваат дека промената на врвот на генералштабот е очекувана затоа што сегашниот началник бил поставен на тоа место како привремено решение.
Аленка Ерменц дипломирала на Факултетот за општествени науки во Љубљана и на Кралскиот колеџ за воени науки во Лондон, а во 2009 година завршила постдипломски студии на Универзитет во Лондон.
Во словенечките вооружени сили е веќе 27 години. Во март годинава беше назначена за заменик-началник на Генералштабот, што тогаш беше највисока позиција за една жена во армијата на Словенија.
Ново на Сител
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд
-
Никој не знае кога ќе профункционираат хируршките сали на Клинички
-
Интензивни подготовки за матурски испит на средношколците во Штип
-
Во просек годишно во Македонија гинат 60 лица по глава на милион жители во сообраќајни незгоди
-
Со марш во Скопје одбележан светскиот Ден на лицата со мултипла склероза
-
Земјите од Западен Балкан потрошиле 3,5 милијарди долари за антикризните мерки