Кошарка
18. September 2017 - 8:05

Словенија нов европски првак во кошарка

Кошаркарите на Словенија ја освоија европската титула откако во финалето во Истанбул ја победија Србија со 93:85 (20:22; 36:25; 15:20 и 22:18). Ова за Словенија е прв медал на Европските првенства.
 
Прв играч на финалето беше капитенот на „змајчеки“ Горан Драгиќ кој постигна 35 поени, а во последната минута поради грчеви беше надвор од теренот. Младиот Лука Дончиќ финалето го заврши со 8 поени и 7 скокови, но поради повреда во третиот период завршницата со солзи во очите ја гледаше од клупата.
Во редовите на Србија Богдан Богдановиќ постигна 22 поена, а Мачван 18. Во последниот период Србија успеа и да поведе откако Словенија имаше двоцифрена предност, но неколку шутеви беа непрецизани и Словенците го освоија првото место.
 
Во натпреварот за 3.место Шпанија ја победи Русија со истиот резултат како финалниот 93:85.