Словенија воведува ембарго на оружје за Израел

Словенија воведе ембарго за извоз, увоз и транзит на оружје во Израел, две недели откако прогласи двајца израелски министри за персона нон грата, објавија словенечките медиуми повикувајќи се на владино соопштение во Љубљана.
Мерката ја објави премиерот Роберт Голоб по состанокот на словенечката влада. Голоб рече дека Словенија е првата европска земја што презела таков чекор.
Словенија ја призна палестинската држава во јуни минатата година и оттогаш постојано повикува на прекин на огнот во Појасот Газа и зголемување на испораките на помош до енклавата.
Израел ги осуди изјавите од минатата недела на Франција, Велика Британија и Канада дека можеби ќе признаат палестинска држава, велејќи дека ова би била награда за палестинското исламистичко движење Хамас за неговиот напад на израелска територија на 7 октомври 2023 година.
МИА
Ново на Сител
-

ССМ поднесе иницијатива за намалување на функционерските плати за 80%
-

Занаетчиите против минималец од 600 евра – ќе има отпуштања и клуч на врата
-

ЕБОР го откочи процесот за БРТ: Колку нови автобуси ќе има за скопјани?
-

Одбележани 154 години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев
-

Преглед на вестите од светот
-

Министерството за здравство го истражува „извозот на мозоци“
-

154 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев
-

Владата и УПОЗ утре ќе го потпишат колективниот договор, ССМ од вторник почнува со блокади
