Случај на коронавирус во Комерцијална банка

Комерцијална банка АД Скопје уште од самиот почеток на појавата на Коронавирусот Covid-19 во земјава ги презеде сите мерки за заштита на здравјето на вработените и на клиентите и за намалување на потенцијалните ризици во работењето, пренесува порталот „банкарство.мк“.
Во таа насока распоредени се тимови на различни локации и на работа од дома, а деловните простории на Банката, редовно се дезинфецираат и се опремени со средства за дезинфекција, заштитни маски и ракавици за вработените.
Поради утврден случај на вработен во Комерцијална банка АД Скопје, кој е од Скопје и е позитивен на Коронавирусот Covid-19, согласно насоките од надлежните институции Банката денес изврши нова, темелна дезинфекција на сите простории во деловните згради КБ1 и КБ2. Сите потребни и дополнително засилени мерки на заштита и превенција се преземени, со што деловните процеси продолжуваат со редовна работа. Сите услуги на Банката се достапни и функционираат нормално.
Сите вработени во Банката кои имале непосреден контакт со вработениот кој е позитивен на Covid-19 ќе бидат во самоизолација во наредните 15 дена, согласно воспоставената комуникација и добиени насоки од надлежните институции во Република Македонија. Тимот на Комерцијална банка му поскаува брзо опоравување на вработениот и со нетрпение го очекува неговото враќање на работа.
Од банката велат дека сите без исклучок сме исправени пред актуелните предизвици, а фокусот на Комерцијална банка АД Скопје останува на заштита на здравјето на вработените и на клиентите и на достапност на сите наши услуги и производи во секое време, додава порталот банкарство.мк.
Ново на Сител
-

Холандски КЛМ ги прекинува летовите за Тел Авив поради пораст на тензиите со Иран
-

Иран и САД влегуваат во клучна рунда преговори во Женева
-

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања
-

Дваесет и две години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски
-

Сончево со слаб ветер, температура до 16 степени
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
