Свет
18. April 2016 - 16:16

Службата за безбедност на Грузија спречи продажба на ураниум

Грузиската служба за безбедност денеска соопшти дека уапсила тројца грузиски државјани и тројца Ерменци за обид за продажба на ураниум.

- Уапсените членови на криминалната група - тројца ерменски и тројца грузиски државјани се обидоа да продаваат радиоактивна ураниумска супстанца У238 за 200 мкилиони долари, соопшти службата за безбедност.

Контејнерот за транспорт на ураниумот е запленет во станот на едниот од членовите на криминалната група.

- Радиолошката анализа покажува дела супстанцата е опасна по здравјето на луѓето, се посочува во соопштението.

Против уапсените поднесена е кривична пријава за илегално поседување и продажба на радиоактивен материјал за што е предвидена казна од пет до 10 години затвор.